Иранската мисија во ОН ги осуди најновите забелешки на Трамп, велејќи дека американскиот претседател се заканува „да ја уништи инфраструктурата неопходна за опстанок на цивилите“ во земјата.
„Доколку совеста на Обединетите нации беше жива, тие немаше да молчат пред очигледната и бесрамна закана од страна на военоподбуцнувачкиот претседател на Соединетите Американски Држави дека ќе ја нападне цивилната инфраструктура. Трамп се стреми да го вовлече регионот во бескрајна војна“, се вели во објавата на мисијата на мрежата X.
Реакциите доаѓаат пред истекот на ултиматумот даден од страна на Трамп за отворање на Ормускиот теснец кој завршува утре. Претходно денеска Трамп порача дека САД ќе уништат се доколку не се додје до договор.
„Ова е директно и јавно поттикнување за тероризирање на цивили и јасен доказ за намера за извршување на воено злосторство. Меѓународната заедница и сите држави имаат законски обврски да спречат вакви свирепи акти на воени злосторства. Тие мора да дејствуваат сега. Утре е предоцна“ се додава во иранската објава.