Иран го одби предлогот за примирје, бара траен крај на војната

Иранскиот одговор содржи десет точки, меѓу кои се: целосен прекин на конфликтите во регионот, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормускиот теснец, укинување на санкциите и започнување на обнова.

Иран преку Пакистан го доставил својот одговор на американскиот предлог за прекин на војната, при што го одбил примирјето и нагласил дека е потребен траен крај на конфликтот, објави државната новинска агенција IRNA.

Иранскиот одговор содржи десет точки, меѓу кои се: целосен прекин на конфликтите во регионот, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормускиот теснец, укинување на санкциите и започнување на обнова.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп повторно упати остри закани, најавувајќи дека Техеран ќе се соочи со „пекол“ доколку до крајот на вторник не се постигне договор за отворање на теснецот, клучна поморска рута за глобалното снабдување со енергенси.

Пакистан посредува во преговорите

Мировниот план, изработен со посредство на Пакистан, произлегол од интензивни контакти воспоставени во текот на ноќта кон понеделник. Според извори запознаени со разговорите, планот предвидува итен прекин на огнот, по што би следеле преговори за поширок мировен договор кој би се финализирал во рок од 15 до 20 дена.

Клучна улога во посредувањето има началникот на пакистанската армија, Асим Мунир, кој „цела ноќ“ бил во контакт со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, специјалниот пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи.

И покрај дипломатските напори, позициите остануваат спротивставени – додека Вашингтон инсистира на итно примирје, Техеран бара подлабок и траен договор што би ги вклучил и клучните геополитички прашања во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни