Ирански воен портпарол остро ги исмеа напорите на Соединетите Американски Држави за воспоставување примирје, изјавувајќи дека американската страна всушност „преговара сама со себе“. Реакцијата следи по информациите дека администрацијата на Доналд Трамп испратила предлог за примирје во 15 точки до Иран, преку посредништво на Пакистан, објави Associated Press.
Во однапред снимена изјава емитувана на иранската државна телевизија, потполковникот Ебрахим Золфагари изјави дека стратегиската моќ на Соединетите Американски Држави се претворила во „стратегиски неуспех“.
„Не го прикривајте поразот како договор. Ако навистина сте глобална суперсила како што тврдите, одамна ќе излезевте од овој хаос. Времето на празни ветувања заврши“, порача Золфагари.
Тој дополнително праша дали внатрешните несогласувања во американската политика довеле до ситуација во која „преговараат сами со себе“.
„Нашиот став од првиот ден останува ист и таков ќе остане: некој како нас никогаш нема да прифати договор со некој како вас. Ниту сега, ниту некогаш“, заклучи иранскиот воен портпарол.