Иран ги објави условите за договор со САД: Десет точки за крај на кризата

Во Исламабад започнаа историски преговори меѓу Иран и САД, а Техеран излезе со детален список од услови за евентуален мировен договор

Во Исламабад денес започнаа високи преговори меѓу Иран и САД, што претставува прв директен билатерален состанок од 1979 година наваму, а разговорите се одвиваат со посредство на Пакистан. Иранскиот портпарол на Министерството за надворешни работи Есмаил Багаеи изјави дека стабилноста во Либан и поширокиот регион ќе има директно влијание врз исходот од преговорите, нагласувајќи дека Техеран ги гледа овие разговори како продолжение на политичката и безбедносната борба.

Иранската делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамед Багер Галибаф, веднаш по пристигнувањето започнала консултации со пакистанските власти, при што иранската страна ги изложила своите ставови како дел од однапред подготвен дипломатски рамковен план.

Техеран нагласува дека прекинот на огнот мора да биде целосен и реален, а не само формален, при што иранските безбедносни сили остануваат во постојана координација за следење на евентуални прекршувања.

Клучен дел од иранската позиција е таканаречениот „рамковен план од десет точки“, кој вклучува барање за гаранции за ненапаѓање, укинување на американските санкции, признавање на правото за збогатување ураниум, како и повлекување на странските воени сили од регионот. Дополнително, Иран бара и укинување на резолуции на Обединети нации и на Меѓународната агенција за атомска енергија, како и финансиски компензации за штетите од конфликтот.

Разговорите во Исламабад се оценуваат како историски, бидејќи се одвиваат по речиси четири децении без директни билатерални средби на ова ниво, а во нив учествуваат високи претставници од двете страни, вклучително и потпретседателот на САД Џеј Ди Венс и специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

И покрај дипломатскиот тон, аналитичарите предупредуваат дека станува збор за исклучително сложени преговори, во кои секоја точка може да биде клучна за идната стабилност на Блискиот Исток и глобалната безбедност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни