Иран дозволи турски брод да помине низ Ормускиот теснец, уште 14 брдови чекаат дозвола

Иран дозволи турскиот брод „Rozana“ да помине низ Ормускиот теснец по одобрение од Техеран. Уште 14 турски пловила со 171 член на екипаж се наоѓаат во регионот.

Брод под турско знаме добил дозвола да помине низ Ормускиот теснец откако турските власти добиле одобрение од Техеран, соопшти турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу.

Тој за турските медиуми изјави дека Анкара продолжува да комуницира со иранските власти во врска со уште 14 турски бродови кои се наоѓаат во регионот од другата страна на теснецот, меѓу Иран и Оман.

„Таму има вкупно 15 бродови. Добивме одобрение од иранските власти за еден од нив, кој користеше иранско пристаниште, и тој веќе помина“, изјави министерот, мислејќи на бродот „Rozana“.

Тој додаде дека на турските бродови во тој регион се наоѓаат вкупно 171 член на екипаж.

Иран го затвори теснецот по почетокот на војната

Иран одлучи да го затвори Ормускиот теснец по почетокот на израелско-американските напади, што предизвика сериозна глобална загриженост поради снабдувањето со енергенси.

Овој тесен морски премин ги поврзува Персискиот Залив и Оманското Море и претставува еден од најважните поморски коридори за транспорт на нафта и течен природен гас во светот.

Откажани летови во регионот

Турското Министерство за транспорт во одделно соопштение наведе дека авиокомпаниите Turkish Airlines и AJet ги откажале летовите кон Ирак, Сирија, Либан, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахреин и саудискиот град Дамам до 19 март.

Летовите кон Иран се откажани до 20 март, додека повеќе летови во регионот ги откажала и авиокомпанијата Pegasus Airlines.

Turkish Airlines во меѓувреме вовела нови летови кон Оман, а турското министерство соопшти дека од почетокот на конфликтот дури 76 летови биле пренасочени кон Турција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни