Повеќе  од  100.000  цивилни  објекти оштетени во Иран      

Американските и израелските напади врз Иран предизвикаа оштетување или уништување на повеќе од 100.000 цивилни објекти, според најновите податоци на иранскиот Црвен полумесец.

Во главниот град Техеран се погодени речиси 40.000 станбени и деловни згради. Во последните четири недели, напади биле изведени и врз околу 600 училишта и речиси 300 здравствени центри.

Нема точни информации за бројот на загинати. Според иранското Министерство за здравство, од почетокот на конфликтот на 28 февруари годинава, загинале над 1.900 луѓе, меѓу кои 240 жени и повеќе од 200 деца, додека повеќе од 24.800 лица се повредени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни