Во Иран најавени брзи судења и егзекуции за демонстрантите како „непријатели на Бога“

Иранските власти најавија забрзани судски постапки против приведените демонстранти, кои би можеле да се соочат со најтешки обвиненија, вклучително и дела за кои е предвидена смртна казна.

Претседателот на иранското судство Голамхосеин Мохсени-Ежеи најави можност за брзи судења на приведените учесници во протестите, јавува Associated Press.

„Ако сакаме да завршиме некоја работа, треба да ја завршиме сега. Ако сакаме нешто да направиме, мора да го направиме брзо“, изјави Мохсени-Ежеи во видео-снимка објавена на интернет од иранската државна телевизија. Тој додаде дека реакција по два или три месеци „нема ист ефект“ како итната постапка.

Според иранските медиуми, Мохсени-Ежеи изјавил дека судењата треба да бидат јавни, а наведено е и дека тој поминал пет часа во затвор во Техеран, каде лично ги разгледувал случаите на приведените демонстранти, пишува The Guardian.

Претходно, главниот обвинител на Иран изјави дека демонстрантите ќе бидат обвинети како „непријатели на Бога“, кривично дело за кое иранскиот закон предвидува смртна казна.

Најавата за забрзани судења доаѓа во услови на масовни протести во Иран и зголемена меѓународна загриженост поради можните егзекуции и состојбата со човековите права во земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни