Иран побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации, се наведува во писмо објавено во неделата, повикувајќи го Советот да ги осуди американските напади врз неговите нуклеарни постројки.
Во писмото, иранскиот амбасадор при ОН, Амир Саид Иравани, го нарекол американскиот напад „сериозна закана за регионалниот и меѓународниот мир и безбедност“.
Тој потврдил детали за нападите, кои биле насочени кон нуклеарните објекти Фордоу, Натанз и Исфахан во раните утрински часови во неделата. Исто така тврдел дека нападите биле „под целосен надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија“ – нуклеарното надзорно тело на ОН.
Не понудил докази за ова тврдење. Иран е сè покритичен кон МААЕ од почетокот на конфликтот со Израел.
Во писмото се наведува дека нападите го прекршуваат Повелбата на ОН и Меѓународниот договор за неширење на нуклеарно оружје (NPT), со повик за итен состанок „со цел да се испита овој незаконски акт, да се преземат неопходни мерки за негова осуда и да се обезбеди дека одговорните нема да останат неказнети“.