Инвестирајте 3 отсто од времето за вежби за да живеете подолго

Вложувајќи само 3 отсто од вашето време секој ден за вежбање може да ви помогне да живеете подолг и поздрав живот, открива физиологист за Бизнис инсајдер.

Нејтан К. ЛеБрасер, директор на Центарот за стареење Роберт и Арлин Когод во клиниката Мајо, го истражува здравото стареење. Тој вели дека најголемите закани за човековото здравје се болестите кои зависат од начинот на живот, како што се кардиоваскуларните и белодробните заболувања, дијабетесот, Алцхајмеровата болест и ракот.

Ваквите состојби се виновни за речиси три четвртини од смртността во светот, според Светската здравствена организација.

Издвојувајќи повеќе време за здрав и активен живот кога сте млади може да ви помогне да ги спречите или одложите ваквите болести и заболувања, открива ЛеБасер.

Некои можеби ќе се разочарани што не постои тајна за здраво стареење, без разлика колку пари „биохакерите“ фрлаат на проблемот. Но, ЛеБасер вели дека ова „навистина треба да се гледа како неверојатна можност да имате контрола врз вашето здравје и благосостојба“.

Инвестирајќи 3 отсто од вашиот приход, звучи како минимална финансиска инвестиција, вели тој. Па слично на тоа, инвестирајќи 3 отсто од вашиот ден за вежбање е минимална инвестиција, која може да има значајно влијание врз вашето целокупно здравје. Тоа би значело вежбање од околу 30 минути во типичен 16-часовен ден.

Умереното вежбање треба да ве направи да се почувствувате како речиси да сте го изгубиле здивот, вели тој, или претворено на скала од 1 до 10, да биде помеѓу 5 и 6. Во меѓувреме, енергичното вежбање е повеќе од осум или девет од 10 и треба да ве натера активно да се заморите.

Во зависност од вашето ниво на физичка подготвеност, ваквото вежбање може да вклучува пешачење, кревање тегови, трчање, возење велосипед или пливање.

Фото: Freepik

ЛеБасер препорачува мешавина од вежби со отпор и аеробик. Аеробик за кардиоваскуланор, мозочно, метаболичко и белодробно здравје, а вежби со отпор за одржување на физичката функција и спречување на слабост во постари години. Една студија од 2022 година вели дека кога се вежба така, ризикот од смртност опаѓа за 32 отсто.

HIIT, или интервален тренинг со висок интензитет, е добар „двоец“, вели ЛеБасер, бидејќи содржи и отпор и аеробни вежби. Со HIIT, „дефинитивно го вежбате вашиот кардиоваскуларен систем, како и вашите мускулно-скелетни и невромускулни системи, и има јасна корист од тоа“, рече тој.

Функционалниот тренинг, кој содржи сквотови, скокови и вежби за влечење/туркање, е исто така корисен за здраво стареење, рече тој, бидејќи може да ги зајакне мускулите потребни за зачувување на мобилноста и физичката функција во постара возраст.

„Да се биде природно активен и да имате помалку периоди на одмор во текот на денот носи големи бенефиции за здравјето и долговечноста“ вели ЛеБасер.

Тој препорачува внесување на вежби низ текот на денот, кога и да можете, без разлика дали тоа ќе значи паркирање на автомобилот малку подалеку од вашата десниција, одење за да разговарате со колегите наместо да им се јавите или пишете емаил или одењето во продавница неколку пати во текот на денот, наместо да нарачувате со достава.

Исто така внимавајте и кога не се движете. Доколку работите работа на која треба да седете, тој ЛеБасер препорачува да станувате да се движите по 10 минути на секој час.

„Никогаш не е предоцна за да почнете. Дури и доколку имате 90 години, постојат докази дека вежбите може да ви помогнат да ги сочувате функциите и да спречите влошување на болестите“ вели тој.

Но, најважната работа за физичката активност и вежбањето е конзистентноста, рече тој. Затоа, изберете активност во која уживате и можете да ја правите редовно за да ги искористите придобивките.

ЛеБасер трча, вози велосипед и плива, но вели дека луѓето не треба да се обидуваат да го копираат него или некој друг. „Поентата е дека ги правам овие работи затоа што навистина уживам во нив и можам да бидам доследен со нив. “, рече тој.

Комбинирањето на вежбањето со дружењето исто така може да го олесни редовното вежбање бидејќи е попријатно, плус вашите пријатели ќе ви помогнат да бидете доследни.

Извор: Бизнис инсајдер

Најново

Последни колумни