Оние кои го пробале велат дека домашниот путер е помек, покремаст и побогат по вкус од купечкиот, совршен додаток за палачинки, пецива или колачи.
Во сад се истура слатка павлака за шлаг, која најпрво се мати на ниска брзина, а потоа на средна, додека не се згусне и не почне да се претвора во шлаг. Потоа се продолжува со матење уште неколку минути – додека смесата не се раздвојува на течност и зрнести остатоци (путер).
Путерот се промива со ладна вода и се меси нежно во цедалка за да се исчисти од остатоците, бидејќи тоа го продолжува рокот на траење. Потоа се истиснува и става во фрижидер за 5 до 10 минути за да се стегне.
Ако сакате посолен вкус, во путерот може да се додадат две лажички сол, а производот се чува во добро затворен сад или фолија до три месеци во фрижидер или до една година во замрзнувач.
Овој едноставен, но ефективен трик за домашен путер ја освои публиката на социјалните мрежи – многумина тврдат дека еднаш кога ќе го пробате, никогаш повеќе нема да купите индустриски.
Извор: Index.hr