Интересни факти: Ајфеловата кула не е со иста висина во текот на целата година?

Без оглед колку сте едуцирани, секогаш има факти што можат да ве изненадат. Особено е интересно кога ќе разрешите мит што звучеше толку логично во вашата глава.

Ајфеловата кула е повисока во лето отколку во зима


Како? Нашата реакција беше иста, но објаснувањето е многу реално. Со оглед на тоа што кулата е изработена од железо, и сите знаеме дека се шири поради топлина, секое лето кулата расте до 15 сантиметри повеќе од вообичаената висина.

Кога се тушираме, ние сме покреативни


Дали сакате да размислувате за конкретни проблеми или задачи додека се туширате? Доколку вашиот одговор е да, ви носиме објаснување. Топол туш го подобрува протокот на допамин – невротрансмитер кој овозможува пренос на информации помеѓу невроните во централниот нервен систем, што на крајот нè прави покреативни.

Слоновите се единствените копнени животни кои не можат да скокаат


Слоновите се најголемите копнени цицачи кои се единствени по тоа што не можат да скокаат. Зошто? Многу научници се прашуваат, а само некои од објаснувањата се дека се премногу тешки, гломазни и едноставно имаат послаби мускули на нозете и помалку флексибилни зглобови.

Извор: zenskirecenziraj.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни