Интензивна потрага по 16-годишно девојче во реката Вардар

Денеска во попладневните часови пристигна пријава за два инциденти со лица потонати во реката Вардар, во близина на селото Уланци.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, се работи за две жени на возраст од 16 и 26 години.

Сестрата на помладото девојче, која била на лице место, во видно вознемирена состојба го повикала бројот за итни повици 112 околу 16:42 часот. Итната медицинска помош од Велес ја потврди информацијата и побара веднаш да се активираат спасувачки тимови.

Центарот за управување со кризи брзо ги извести Министерството за внатрешни работи, Оперативниот центар на Генералштабот и Дирекцијата за заштита и спасување, кои во моментов работат на терен.

Полицијата веќе користи чамци за пребарување на водите на Вардар, при што 26-годишната жена е пронајдена жива и безбедна, додека потрагата по 16-годишното девојче продолжува.

Надлежните апелираат до граѓаните да ја следат состојбата и да ги почитуваат безбедносните препораки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни