Институциите потврдија дека водата во Скопје е безбедна за пиење

Откако викендов имаше прекин во водоснабдувањето поради средување на дефекти и модернизација на водоводот во Скопје, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство денес спроведоа вонреден надзор на квалитетот на водата.

Како што соопштија тие со контролата утврдиле дека ЈП претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ извршило хлорирање на водата во водоводната мрежа, а инспекторите зеле и мостри за анализа за проширена хемиска и микробиолошка анализа.

Податоците ја потврдиле безбедноста на водата.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи“, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни