Инфлуенсери го отфрлија правилникот на АВМУ и предложија европски кодекс

Здружението на инфлуенсери и креатори на дигитални содржини го отфрли предложениот правилник на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и предлага сопствен Кодекс базиран на европски практики. Тие велат дека правилникот не нуди системско решение за транспарентност и одговорност и може негативно да влијае на слободата на креативно изразување.

Здружението на инфлуенсери и креатори на дигитални содржини официјално го отфрли предложениот правилник и водич на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), оценувајќи ги како неприлагодени на современиот дигитален простор и надвор од законските рамки. Според здружението, предложените акти не нудат јасни и практични решенија за транспарентност и одговорност, туку отвораат простор за правна несигурност, различни толкувања и ризик од ограничување на креативната слобода без соодветна консултација со засегнатите страни.

Како одговор на тоа, инфлуенсерите изработија предлог за Кодекс што се темели на принципите на саморегулација и ко-регулација, кој е усогласен со практиките во земјите членки на Европската Унија. Целта на овој Кодекс е да создаде јасни, применливи и пропорционални правила што ќе обезбедат заштита на јавниот интерес, особено за потрошувачите и малолетниците, додека истовремено ја почитуваат слободата на изразување и спецификите на дигиталната економија. Здружението повикува институциите да повлечат спорниот правилник и да отпочнат дијалог со сите релевантни чинители за да се изнајде одржливо решение.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни