Сè започна во 2021 година, кога жената родила машко дете и отишла во домот на нејзините родители неколку недели, вообичаена практика во Индија жените да одат во куќата на нивните родители по раѓањето за да се одморат и да се опорават. Тогаш мажот треба да дојде и да ги врати мајката и бебето во нивниот дом.
Но, кога тогашната 21-годишна жена одбила да го прифати името што нејзиниот сопруг го избрал за нивниот син, тој се налутил и не отишол да ја врати назад.
Мајката го именувала својот син Ади – комбинација од првата буква од нејзиното име и дел од името на нејзиниот сопруг.
Но, месеците се претворија во година, а таа сè уште беше во куќата на нејзините родители и на крајот отишла во локалниот суд барајќи финансиска поддршка од нејзиниот сопруг. Сепак, спорот на крајот ескалирал до таа мера што таа завршила со барање за развод и алиментација бидејќи е невработена.
Случајот првично беше поднесен во локалниот суд, но подоцна беше префрлен во таканаречениот Народен суд, кој се занимава со случаи кои можат да се решат со спогодување.
Но, и покрај бројните сугестии од судиите, парот остана цврст во својата одлука – додека конечно не се договорат за името што го избрал судот.
Детето сега се вика Аријавардхана, што значи „благородно“.
Двојката потоа разменила венци, симбол на прифаќање според индиската традиција, и очигледно среќно си заминале да го продолжат својот брак.
Ова не е единствениот случај во последниве години во кој индискиот суд мораше да се вклучи кога станува збор за избор на име на детето.
Во септември минатата година, едно дете не можеше да се запише на училиште откако беше откриено дека неговиот извод од матична книга на родените е празен. Мајката се обратила до судот објаснувајќи дека се обидела да го запише детето во матичната книга на родените, но службениците одбиле да го пополнат формуларот бидејќи таткото – од кого била разделена – не бил присутен.
Високиот суд ѝ нареди на писарницата да го прифати името предложено од мајката и да го додаде името на таткото.