Регионалната инди-поп икона, Ида Престер ќе одржи концерт на PIN 2024, кој се одржува од 28 до 30 ноември во МКЦ, Скопје.
Таа е единствен феномен на музичката сцена, уметница со повеќе впечатливи сценски идентитети, која со бескрајно позитивна енергија, уникатна естетика и панк став ги освои најголемите подиуми и радио станици.
Во рамки на овој настап, Ида Престер ќе го промовира својот прв соло албум „Sad“ и ќе ги прослави нејзините 20 години музичка кариера и со старите хитови на Lollobrigida.