Инцидент на „Егзит“ – група мажи отстранила транспарент за поддршка на студентите

Годинешното издание на „Егзит“ е во знакот на солидарноста со студентите и граѓаните кои со месеци протестираат низ српските градови

Група непознати мажи упаднале во тврдината Петроварадин, каде се одржува фестивалот „Егзит“, и употребиле остар предмет за да отстранат транспаренти посветени на студентските протести.

По настанот се огласија од фестивалот „Егзит“

„Непознати лица отстрануваат транспаренти со знакот на Пумпај од тврдината! Ѝ ги дадовме на полицијата бројот на регистарските таблички и очекуваме брзо откривање на сторителите. Секој обид за цензура и ограничување на слободата на говорот нема да успее! Наместо да нè замолчувате, нè множите. Колку повеќе отстранувате, толку повеќе нè има. Одговорот ќе пристигне вечерва, бидејќи слободата не се симнува од ѕидовите, туку расте во срцата“, беше објавено на социјалните мрежи.

Годинешното издание на „Егзит“ е во знакот на солидарноста со студентите и граѓаните кои со месеци протестираат низ српските градови.

Поддршка во нивната борба дадоа и бројни изведувачи кои годинава настапуваат на познатиот фестивал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни