Илјадници студенти пешачат кон Белград – Денес нов марш од Славија до „Рибникар“

Студентите кои ги блокираат факултетите низ Србија денес продолжуваат со маршот кон Белград. Академците од Шабац и Лозница ја поминаа ноќта во Прњавор, додека студентите од Ниш пристигнаа во Пожаревац. Денеска се најавени протестни собири пред училиштата во повеќе градови, како и блокади на сообраќајници.

Повеќе од 360 студенти и матуранти денес тргнуваат од Шабац кон Белград. На студентите кои дојдоа од Мали Зворник и Лозница им се приклучуваат и матуранти и студенти од Шабац, со цел да стигнат во Белград до петок вечерта, пред најавениот голем студентски протест во сабота.

Студенти и вработени во Републичкиот геодетски завод (РГЗ) денес во 14 часот ќе протестираат во знак на поддршка за вработената Марија Зарубица, која, според студентите од Факултетот за политички науки, добила решение за преместување во Инџија поради нејзината поддршка за протестите. „Нема да дозволиме ваквото однесување да продолжи. Никој не смее да се чувствува загрозен затоа што го крева својот глас против неправдата“, порачаа студентите на Инстаграм.


Во вторник во 21 часот формално заврши 22-часовната блокада на влезот во Радио-телевизија Србија (РТС) во Белград. Утринава состојбата е нормализирана, вработените редовно доаѓаат на работа, а платото пред зградата е исчистено. Студентите го исчистија просторот, но на стаклената ограда останаа залепени плакати со имињата на 15 жртви од несреќата на Железничката станица во Нови Сад.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни