Студентите не запираат: 28.000 луѓе протестираа пред Уставниот суд во Белград

Студентите и граѓаните се собраа околу 16 часот пред Уставниот суд во Белград, за да изразат незадоволство поради неисполнување на нивните барања од страна на властите, но и постојаното загрозување на правата, пред сè на оние кои учествуваат во блокадата на факултетите

Илјадници граѓани протестираа вчера во центарот на Белград и повторно побараа утврдување на политичка и кривична одговорност за несреќата во Нови Сад во која загинаа 15 лица.
Студентите и граѓаните се собраа вчера околу 16 часот пред Уставниот суд во Белград, за да го изразат незадоволството поради неисполнувањето на нивните барања од страна на властите, но и поради постојаното загрозување на правата, пред сè на оние кои учествуваат во блокадата на факултетите.

Протестот под името „Бани во Бановина“ се одржа и во Ниш. Студентите по протестот отидоа на разговор со професорите и ги повикаа и средношколците и просветните работници да им се придружат во знак на солидарност.

Во двата града, со петнаесетминутна тишина им беше оддадена почит на загинатите при падот на надстрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни