Излезе од печат годишна публикација „World Press Photo Yearbook 2024“

Oд печат излезе World Press Photo Yearbook 2024, годишна публикација која ги истакнува најдобрите и најважните фоторепортерски и документарни фотографии од изминатата година.

World Press Photo Yearbook 2024, ги прикажува наградените фотографии и приказни на 67-от годишниот World Press Photo Contest, вклучувајќи ужасни приказни за очај, војна и загуба, но и инспиративни прикази за упорност, храброст и љубов.

Избрани од преку 61.000 фотографии од 3.851 фотограф од 130 земји. Овие фотографии ги повикуваат гледачите да излезат надвор од циклусот на вести и подлабоко да ги разгледаат приказните што ги знаеме и оние што не можеме да ги занемариме.

Покрај победничките дела, книгата содржи и извештаи од жирито и есеи за продлабочен контекст и размислување. Публикацијата е дизајнирана од Сибрен Куипер и е објавена од Хатје Канц.

Достапна е на шест јазици: англиски, холандски, француски, германски, италијански и шпански, а може да се нарача на: worldpressphoto.org/yearbook

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни