Илон Маск поднесе тужба против OpenAI и Microsoft: Бара 134 милијарди долари

Илон Маск тужи OpenAI и Microsoft, тврдејќи дека компаниите оствариле „незаконска добивка“ од неговата рана поддршка на OpenAI, барајќи компензација до 134 милијарди долари.

Милијардерот и директор на платформата X, Илон Маск, поднесе тужба против OpenAI и Microsoft и бара до 134 милијарди долари, тврдејќи дека компаниите оствариле „незаконска добивка“ благодарение на неговата рана поддршка за стартапот за вештачка интелигенција.

Според судскиот поднесок, OpenAI заработил помеѓу 65,5 и 109,4 милијарди долари, додека Microsoft остварил профит од 13,3 до 25,1 милијарди долари, врз основа на придонесот на Маск, кој беше еден од коосновачите на OpenAI од 2015 година.

Маск, кој ја напушти компанијата во 2018 година и сега раководи со xAI и конкуретскиот четбот Grok, тврди дека OpenAI го прекршил неговиот основачки мандат при префрлувањето на компанијата во непрофитна организација.

Тужбата отвора нови прашања за сопственост, права на основачи и распределба на профитот во секторот на вештачка интелигенција, кој брзо се развива и генерира огромни приходи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни