Илон Маск ќе го преземе и TikTok?

Судбината на TikTok во САД станува се понеизвесна како што се приближува 19 јануари, крајниот рок што кинеската компанија ByteDance го има за да најде нов американски сопственик за својата социјална мрежа или ќе се соочи со забрана.
Фото: Solen Feyissa/Flickr

Второто доаѓање на Доналд Трамп на чело на САД, човек кој во првиот мандат сакаше самиот да го забрани TikTok, а во претседателската кампања во 2024 година го бранеше, може да има големо влијание врз овој случај.

По веста дека американскиот милијардер Френк Мекорт би можел да биде купувач на TikTok, сега како потенцијален спасител се појави уште еден светски познат бизнисмен.

Американскиот технолошки бизнис портал The Information објави дека потенцијален купувач на TikTok би можел да биде никој друг, освен во последно време најголемиот сојузник на Трамп, Илон Маск. Неговиот близок однос со новиот шеф на Белата куќа може да го стави во добра позиција да ја преземе социјалната мрежа со 170 милиони корисници во САД.

Маск, чие богатство се проценува на повеќе од 430 милијарди долари, секако има финансиски средства да го преземе TikTok, со оглед на можноста да собере група инвеститори. Исто така, таквиот исход би се вклопил во неговата идеја за проширување на можностите на платформата X.

Интервенцијата на Трамп во случајот со примената на законот за забрана или продажба на TikTok најверојатно не е насочена кон негово целосно забранување, туку да овозможи негова продажба.

А покрај Маск има и други заинтересирани потенцијални купувачи. Покрај Меккурт, се споменува и името на поранешниот извршен директор на Activision Blizzard, Боби Котик.

Патем, за време на првиот мандат на Трамп, TikTok веќе еднаш беше блиску до преземање. Ко-основачот на Oracle, Лари Елисон, речиси го обезбеди уделот на компанијата во TikTok во 2020 година, кога Трамп се обиде да ја забрани социјалната мрежа.

Во тоа време не беше постигнат договор за преземање, но Oracle ја продолжи соработката со TikTok со склучување нов договор за обезбедување услуги за складирање податоци на своите клауд сервери.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни