Илјадници демонстранти, главно студенти, се речиси во главниот град на Србија, Белград пред планираните масовни антивладини протести закажани за утре. Атмосферата во Белград е тензична, во момент кога властите засилуваат напори и апели да одвратат луѓе да излезат утре на улица, јави МИА од Белград.
Премиерот во заминување Mилош Вучевиќ кој веќе поднесе оставка поради протестите, упати закана дека ќе употреби сила за да ги потисне демонстрациите што се очекуваат да бидат меѓу најголемите во изминативе години.
Српскиот претседател Александар Вучиќ постојано предупредува дека се планира насилство на митингот в петок и се закани со апсења доколку има какви било инциденти.
Во обраќање до нацијата за утрешниот собир на српските граѓани во Белград, тој нагласи дека „државата ќе ги преземе сите мерки“.
Тој не прецизираше какви , но најави апсење на секој кој предизвикува инциденти.
Вучиќ додаде дека секој што ќе ги нападне демонстрантите ќе биде уапсен, како и „демонстрантите доколку се обидат да упаднат во институции“.
„Ги повикувам сите да не предизвикуваат немири“.
Поддржувачи на Вучиќ кампуваат во центарот на градот, спроти палатата на претседалот, со што поттикнуваат стравувања од можни судири со демонстрантите.
Полицијата денеска уапси шестмина активисти и членови на опозициска партија под сомнение дека „подготвуваат акции против уставниот поредок и безбедноста“, откако претходниот ден на провладините телевизиски станици беше емитувана наводна снимка од нивната средба на која тоа го договараат.
Преносите во живо на локалните електронски медиуми покажауваат како стотици студенти влегуваат во Белград од други градови ширум државата и се упатуваат кон центарот.
Собирите се очекува да бидат најголеми откако започнаа речиси секојдневните протести по загинувањето на 15 луѓе кога се урна настрешница на железничка станица на 1 ноември во Нови Сад, катастрофа што противниците дека е поради корупција.
Студенти, наставници, земјоделци и работниците се приклучија на демонстрациите и тоа според медиумите во Белград е голем предизвик за Вучиќ, кој е на власт 12 години како премиер или претседател.
Во главниот град на Србија пристигнати се и луѓе и студенти лојални на Вучиќ и кампуваат во близина на неговиот кабинет во центарот на градот. Влезот на Андриќев венац преку ноќ е опкружен со трактори.
Во телевизиско обраќање, премиерот во заминување Милош Вучевиќ рече дека полицијата ќе интервенира во случај на насилство.
„Државата има … апарат за сила, ве молам не провоцирајте“, рече тој.
Патријархот Порфирије, поглаварот на Српската православна црква, повика „сите, без исклучок, да го отфрлат насилството“.
Во декември минатата година, студентите издадоа сет на барања што вклучуваат објавување на документи поврзани со катастрофата на железничката станица и преземање одговорност.
Обвинети се од судските власти 13 лица за катастрофата, а владата најави антикорупциска кампања во која досега се уапсени десетици луѓе.