Меѓународната федерација на новинари (IFJ) објави дека во 2025 година, 128 новинари и други медиумски работници, вклучувајќи 10 жени, биле убиени низ целиот свет.
Федерацијата оцени дека измина „уште една смртоносна година за новинарите “ и го осуди „постојаниот неуспех на властите да ги заштитат медиумските работници“, повикувајќи на „итна и решителна акција за прекин на циклусот на насилство“ и нагласи дека неказнивоста за овие злосторства сè уште преовладува.
Во вкупниот број на загинати новинари, имало и девет несреќни случаи.
Во 2024 година, IFJ евидентираше 122 смртни случаи на новинари, вклучувајќи 14 жени, и дека 516 новинари биле во затвори, а во 2025 година имало 533 во затвори, а Кина е предводник.
Ажурираниот список на медиумски работници убиени во 2025 година документира 17 дополнителни смртни случаи од 10 декември, по објавувањето на претходниот извештај. Списокот објавен на 31 декември вклучува случаи во Палестина, Танзанија, Перу и Гватемала, како и несреќа во која загинаа седум медиумски работници во Нигерија, еден таков случај во Бурунди и еден во Иран.
Блискиот Исток и арапскиот свет, со 74 убиени новинари, вклучувајќи 56 во Палестина, претставуваат 58 проценти од сите случаи на убиени медиумски професионалци во светот во 2025 година, според IFJ. Ова е трета година по ред како е најтешко погодениот регион.
На второ место е Јемен со 13 мртви, а потоа следува Украина со осум.
Шест новинари беа пријавени за мртви во Судан, четири во Индија и Перу, а неколку други земји, вклучувајќи ги Филипините, Мексико, Перу и Пакистан, загубија по три новинари.
