Многу филмови предвидуваа дека во иднината ќе возиме летечки автомобили. Тоа го правеа дури и некои политичари.
Конечно, еден американски стартап направи летечки автомобил.
Alef Aeronautics го претстави своето летачко возило, за кое тврдат дека е првиот летечки автомобил на светот. Објавеното видео го покажува прототипот, наречен Модел Зеро, како лета над паркиран автомобил во Калифорнија, претставувајќи го првиот вистински тест на концептот на дизајн.
Independent во својот напис потсетува дека повеќето до сега развиени летечки автомобили користат дизајн сличен на дроновите со лопатки на роторите, но исто така е испробано решение каде возилото има склопиви крила. За разлика од тоа, неодамна претставениот Модел Зеро изгледа токму како патничко возило, само малку повеќе футуристички. Лопатките на роторите се исто така дел од автомобилот, но се скриени во рамката на возилото, така што надворешниот набљудувач не може да ги види, пренесува N1info.ba.
Според стартапот, возилото е 100 проценти електрично. Модел Зеро може да помине 320 километри на земја и 160 километри во воздухот со едно полнење.