„Иднината како проект – Доксијадис во Скопје“ – Публикација со нови визии за градот

Оргинален наслов:
The future as a project, Doxiadis in Skopje

Редакција:
Калиопи Амигдалу
Костас Циамбаос
Христос-Георгиос Критикос

Издавач:
futura Publications

Година:
2018

Дизајн: finedesign.gr

Иднината како проект – Доксијадис во Скопје е публикација во која за првпат е претставена работата на Доксијадис во Скопје, која ги вклучува стратешки планови за градот и новиот преглед на генералниот план. Дополнително, таа ја претставува работата на Кензо Танге за центарот на градот на Скопје и прикажува серија модернистички градби чии автори се водечки југословенски архитекти кои сè уште се присутни во градот и денеска. Последната глава во публикацијата дава осврт на проектот „Скопје 2014“ и неговиот „конфликт“ со модерното наследство на градот.

Книгата е првпат претставена во музејот Бенаки во Атина преку обемна изложба, конференција во 2018 година, а пет години откако за првпат беше претставена во музејот Бенаки во Атина изложбата е поставена и во Скопје во Музејот за Современа уметност од 21/09/ 2023 – 28/04/ 2024.

Доксиадис е еден од меѓународни експерти поканети од страна на Обединетите нации, во процесот за обнова на Скопје. Покрај силната професионална посветеност на Доксијадис, архивите ја откриваат и неговата длабока емпатија за настраданиот град. Неговата лична работа и работата на неговото планско биро, нивните извештаи, деталните истражувања на подрачјата погодени од земјотресот, студиите за домување, дијаграмите, зборовите и размислувањата…, сето тоа значајно и подеднакво придонело во изработката на Основниот план за обнова на Скопје.

Преку оделни поглавја книгата не води кон моментот од земјотресот во Скопје, работата на Доксијадис и дава осврт на архитектонското наследство кое пост-земјотресната обнова го остава како и судбината со кое овој тип на архитектура се соочува во 21 век. Покрај есеите на редакторите, во книгата придонесуваат и Ана Ивановска Дескова, Јован Ивановски, Владимир Десков, Влатко П. Коробар, Мароје Мрдуљаш, Зоран Петровски и други.

„Иднината како проект: Доксијадис во Скопје“ книга уредена од Докомомо Грција сега е достапна во дигитален формат на следниов линк

Извор: Марх.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни