Ибрахимовиќ верува дека на децата им се потребни само овие три работи: „Парите не се важни во животот“

„Полесно е да се живее со пари, но тоа нема да им донесе среќа. Ги учам децата на дисциплина, почит и независност“, вели Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ, не сака да ги разгалува своите деца и сака да ги научи да бидат независни, тој вели: „Ако не се независни на 18 години, тогаш јас не сум успеал.“

Златан Ибрахимовиќ, легендарниот фудбалер, неодамна се појави како гостин во подкастот на Славен Билиќ „(Неуспехот на шампионот“), каде што зборуваше за својата фудбалска кариера и неговата улога како родител.

Со сопругата Хелена Сегер, која е 11 години постара од него, тој има синови, 19-годишниот Максимилијан и 17-годишниот Винсент, кои, како што вели Ибрахимовиќ, од мали нозе биле учени дека независноста е важен дел од воспитувањето на секое дете.

Во разговорот со новинарот, тој се сетил на еден настан кога сè уште играл фудбал во Лос Анџелес.

„Бевме во Беверли Хилс. Не го велам тоа за да звучам важно, но навистина играв. Децата одеа на училиште, и сите имаа возачи. Видов само два велосипеда во училиштето – на Винсент и на Максимилијан. Им купив велосипеди и реков: „Земете ги велосипедите и одете сами на училиште“. Бев строг, но секогаш со добра намера и доследен во тоа“, рече Ибрахимовиќ и додаде: „Ако не се независни на 18 години, тогаш не успеав“.

Тој исто така истакна дека децата не патувале со приватен авион, туку со комерцијални, евтини летови, за да го видат вистинскиот живот. Хелена, нивната мајка и сопруга на Златан, исто така се согласувала со овој строг начин на воспитување на децата, која не сакала нивните деца да бидат „разгалени богати луѓе“.

Исто така, родителите се залагаат за апсолутна приватност на децата, а само најстариот син има социјални мрежи. Според познатиот фудбалер, Максимилијан создал сметка на Инстаграм во 2024 година, додека неговиот помлад син сè уште нема мрежа.

Златан има едно златно правило за воспитување на деца – и тоа гласи вака:

„Млеко, леб и болоњезе. Три работи. Им велам на моите деца: ако јас можев да успеам со тие три работи, можете и вие. Имам повеќе пари од моите родители“, рекол тој и заклучил:

„Полесно е да се живее со пари, но тоа нема да им донесе среќа. Ги учам децата на дисциплина, почит и независност“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни