Почнаа важни работи на поправка на електричните водови, односно далекуводите на нуклеарната електрана во Запорожје, кои се очекува да траат неколку дена, соопшти директорот на Меѓународна агенција за атомска енергија (IAEA), Рафаел Гроси.
„Тимот на IAEA ги следи работите што започнаа по уште еден локален прекин на огнот и за кои се очекува да траат неколку дена“, се наведува во соопштението на агенцијата, објавено на социјалните мрежи.
Нуклеарна електрана Запорожје се наоѓа на левиот брег на реката Днепар и претставува најголема нуклеарна електрана во Европа по бројот на реактори и вкупната инсталирана моќност. Комплексот располага со шест реактори, секој со капацитет од по еден гигават.
Стабилното електроснабдување на електраната се смета за клучно за нуклеарната безбедност, а IAEA веќе подолго време предупредува на ризиците поврзани со оштетувањето на далекуводите во услови на вооружен конфликт.
