Романскиот претседателски кандидат Виктор Понта денеска изјави дека доколку биде избран ќе го прекине извозот на украинско жито преку романските пристаништа на Црното Море, но вети дека ќе ја брани соседна Молдавија во случај на руски напад.
Во трите години од руската инвазија на Украина, Романија помогна да се извезат околу 29 милиони метрички тони украинско жито преку нејзиното црноморско пристаниште Констанца, станувајќи главна алтернативна рута за украинското производство.
Педесет и двегодишниот Понта е поранешен премиер и поранешен лидер на Социјалдемократската партија. Тој не многу одамна ја напушти формацијата поради несогласување со претседателската кандидатура на владината коалиција, во која се и социјалдемократите. Понта се кандидираше за претседател како независен и зазема ултранационалистички позиции во последно време.
-Во последниве години, имаше политика за олеснување на пристапот на украинското жито до пристанишните капацитети за сметка на романското жито, а романските земјоделци беа многу погодени од тоа, изјави Понта. Тој рече дека ќе ги задржи другите мерки за поддршка на Украина, вклучително и транзит на оружје и обука на украински пилоти.
Членката на ЕУ и НАТО, Романија ќе одржи повторување на претседателските избори во мај, што по резултатите од гласањето во декември годинава беа откажани поради наводите за руско мешање, што Москва ги негира.