Во Њујорк вчера беше одржан протест за поддршка за просветните работници и студентите во Србија. Од таму порачаа: „Њујорк Сити е со вас“.
Протестот започна во 11:30 по локално време, а од 11:52 до 12:07 беше одржано неколку минутно молчење за загинатите при падот на надстрешницата во Нови Сад. Граѓаните се собраа недалеку од српската црква, помеѓу 25. и 26. улица на Бродвеј авенијата.
Како што за порталот N1 наведуваат учесниците, на протестот присуствувале помеѓу 150 и 200 луѓе.
Собраните носеа транспаренти „Њујорк за просветарите“, „Ги поддржуваме студенти“, „Целиот свет ве гледа“, „Љубов за студентите, океанот не нѝ дели, борбата нѝ спојува“, „Hold on NYC Serbia needs me now“, а многу од нив носеле и црвени ракавици или ги обојиле длановите во црвено. Се вееја и српски знамиња, а на протестот можеше да се види и некој транспарент против Рио Тинто.