Цел на последните ирански напади денеска биле и приватната резиденција на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху во Цезареја и електраната во Хадера, објавуваат израелските медиуми.
Иран попладнево истрелал нов бран ракети кон Израел, но според „Џерусалем пост“ и „Тајмс оф Израел“, сите биле соборени од израелската пртиввоздушна одбрана.
Израелската војска објави дека жителите можат да ги напуштат засолништата во сите делови од земјата, откако претходно беа вклучени сирени поради ирански ракетен напад.
Конфликтот меѓу Израел и Иран трае веќе трет ден откако Израел започна напади врз Иран за да ја уништи неговата нуклеарна програма.
Иран возврати со ракетни удари врз Израел, а за сега, во нападите загинаа десетици луѓе од двете страни.