И познатата комичарка го напушти САД по победата на Трамп: „Се чувствуваме разочарани, се селиме во Англија“

Водителката и комичарка Елен Деџенерис и нејзината партнерка Портија де Роси наводно по втората претседателска победа на Доналд Трамп, ги напуштиле САД, пишува Page Six. Парот се чувствувал „многу разочаран“ па го нашле својот нов дом во Котсволдс во југозападна Англија. Тие го купиле имотот пред изборите во 2024 година и наводно планираат да го пријават својот дом во Монтесито, Калифорнија.

Веста за овој потег доаѓа откако гласачите на Трамп се втурнаа во коментарите на Деџенерис на социјалните мрежи.

„Зарем Елен не рекла дека ќе ја напушти земјата доколку биде избран Трамп?“, „Зарем веќе не требаше да ја напуштиш земјата?“, пренесува дел од коментарите на Page Six. Иако медиумите не можеа да откријат кога водителката рече дека ќе се пресели ако Трамп победи на изборите, Деџенерис беше гласна во нејзината поддршка за Камала Харис, наводно дури и донирала 3.300 долари за нејзината кампања.
„Нема ништо помоќно од жена чие време дојде!! Едвај чекам Камала Харис да биде нашиот следен претседател“, напиша Деџенерис во август.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни