Хуманитарниот брод со активисти и Грета Тунберг пристигнува во Газа за да ја пробие израелската блокада

Бродот “Мадлин”, едрилица на Коалицијата на флотилата за слобода, тргна во неделата од Сицилија кон Газа со цел да достави хуманитарна помош и да ја пробие израелската блокада на таа палестинска територија, која, според Обединетите нации, е на раб на глад.
epa12151614 A general view over rows of tents housing internally displaced Palestinians along the waterfront in Gaza, 02 June 2025. According to the UN, at least 1.9 million people (or nine in ten people) across the Gaza Strip are internally displaced, including people who have been repeatedly displaced. Since October 2023, only about 11 percent of the Gaza Strip has not been placed under Israeli-issued evacuation orders, the UN aid coordination office OCHA said. EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Хуманитарен брод со 12 патници, меѓу кои се наоѓа и шведската еколошка активистка Грета Тунберг, стигна до брегот на Египет и се приближува до Појасот Газа, разурнат од војна и под израелска опсада, соопштија денеска организаторите.

Бродот “Мадлин”, едрилица на Коалицијата на флотилата за слобода, тргна во неделата од Сицилија кон Газа со цел да достави хуманитарна помош и да ја пробие израелската блокада на таа палестинска територија, која, според Обединетите нации, е на раб на глад.

„Во моментов пловиме покрај египетскиот брег“, изјави за Франс прес германската активистка за човекови права Јасемин Акар, додавајќи дека сè оди според планот.

Според соопштение од Меѓународниот комитет за пробивање на опсадата на Газа, кој е дел од коалицијата, бродот влегол во египетските води блиску до Газа. Тие додале дека се во контакт со меѓународни правни тела за да се гарантира безбедноста на лицата на бродот, предупредувајќи дека секое пресретнување би било „грубо прекршување на меѓународното хуманитарно право“.

Воените дејства во Газа започнаа по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, по што Израел започна разорна офанзива, со цел да ја преземе контролата над Газа, да го уништи Хамас и да ги ослободи киднапираните заложници.

Вчера, хуманитарниот брод се оддалечил од својата рута за да помогне на четворица судански мигранти во морето. Едрилицата тогаш се наоѓала во Средоземното Море, јужно од Грција и северно од Либија и Египет.

Покрај Грета Тунберг, на бродот се наоѓа и француско-палестинската европратеничка Рима Хаса.

Коалицијата на флотилата за слобода е основана во 2010 година како меѓународно ненасилно движење за солидарност со Палестинците, со хуманитарна и политичка цел да се стави крај на блокадата на Газа.

Бродот превезува сокови, млеко, ориз, конзерви, протеински плочки, донирани од стотици граѓани на Катанија, напиша новинарот Андреа Лењи, кој исто така се наоѓа на бродот.

Во мај, друг брод на коалицијата кој собираше активисти, меѓу кои и Тунберг, бил оштетен додека бил во Малта, а активистите се сомневаат дека бил нападнат со дрон од израелска страна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни