Најлесно е да се добие Шенгенска виза во овие земји

Според Европската комисија, во 2024 година се поднесени повеќе од 11,7 милиони апликации за краткорочни Шенген визи – што е зголемување од 13.6% во споредба со 2023 (10.3 милиони), и дури 56% повеќе од 2022 (7.5 милиони)

Жителите на Обединетите Арапски Емирати кои планираат да патуваат во Европа за Курбан Бајрам или летните одмори се соочуваат со тешкотии при закажување термини за Шенген визи. Како што претходно објави Gulf News, најголемиот дел од термините за апликации веќе се резервирани. Дополнително, високата стапка на одбивање на визи од некои Шенген земји има негативно влијание врз планирањата.

Во меѓувреме, Германија – една од најпопуларните туристички дестинации, која во 2024 година примила над 1,5 милиони апликации – ја укинува постапката за жалба (ремонстрација) по одбивање на виза ширум светот. Тоа значи дека апликантите чии визи се одбиени, повеќе нема да можат да поднесат жалба.

Иако постојат многу алтернативни дестинации, VFS Global сподели и неколку совети како да се избегнат непријатни изненадувања во последен момент – планирање однапред е клучно. За да се зголемат шансите жителите на ОАЕ да добијат Шенген виза, Gulf News состави листа на земји со најниска стапка на одбивање визи.

Најниски стапки на одбивање на Шенген визи (податоци за 2024 година):

1. Исланд

  • Најниска стапка на одбивање: 6.6%
  • Поднесени апликации: 35.413
  • Одбиени: 2.290

2. Бугарија и Романија (не се дел од Шенген, но аплицираат исти правила)

  • Стапка на одбивање: 9.4%
  • Бугарија: 122.229 апликации, 12.246 одбиени
  • Романија: 35.359 апликации, 3.281 одбиени

3. Словачка

  • Стапка на одбивање: 9.9%
  • Апликации: 14.215
  • Одбиени: 1.419

4. Италија

  • Стапка на одбивање: 10.9%
  • Апликации: 1.200.000+
  • Одбиени: 134.303

5. Летонија

  • Иста стапка како Италија: 10.9%
  • Апликации: 17.654
  • Одбиени: 1.908

6. Швајцарија

  • Стапка на одбивање: 11.3%
  • Апликации: 636.077
  • Одбиени: 71.664

7. Полска

  • Иста стапка како Швајцарија: 11.3%
  • Апликации: 206.420
  • Одбиени: 22.232

8. Унгарија и Норвешка

  • Стапка на одбивање: 12.8%
  • Унгарија: 251.364 апликации, 32.092 одбиени
  • Норвешка: 149.988 апликации, 19.192 одбиени

Според Европската комисија, во 2024 година се поднесени повеќе од 11,7 милиони апликации за краткорочни Шенген визи – што е зголемување од 13.6% во споредба со 2023 (10.3 милиони), и дури 56% повеќе од 2022 (7.5 милиони). Издадени се повеќе од 9.7 милиони визи, но бројката и понатаму е пониска од пред-пандемиското ниво во 2019 (15 милиони).

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни