Холанѓаните минатата година потрошиле 1,9 милијарди евра на брза храна

Просечната потрошувачка по посета била најголема кај лицата на возраст од 35 до 49 години, кои во просек трошеле по 26 евра.

Холанѓаните минатата година потрошиле 1,9 милијарди евра во најголемите синџири на брза храна во земјата, во просек трошејќи по 23 евра по посета, а најголем дел од тие пари биле потрошени во ресторани за суши, покажа истражување спроведено од компанијата за пазарни истражувања Multiscope.

Најголем износ потрошен по посета бил во рестораните SushiPoint – 50 евра, потоа Mr. Sushi – 49 евра, додека Spare Rib Express бил трет со просечна потрошувачка по гостин од 39 евра, а следуваат New York Pizza со 27 евра и Domino’s Pizza со 24 евра, пренесува NL tajms.

Просечната потрошувачка по посета била најголема кај лицата на возраст од 35 до 49 години, кои во просек трошеле по 26 евра.

Истражувањето, во кое учествувале нешто помалку од 7.200 холандски граѓани, покажало дека клиентите на возраст од 18 до 34 години во просек трошат по 22 евра по посета, додека лицата постари од 50 години во просек трошат најмалку, по 20 евра по посета на синџирите за брза храна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни