Денес, со почеток во 14:00 часот, на плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб ќе се одржи свечен дочек за репрезентацијата. Градските власти ги повикаа граѓаните да излезат на улиците и да ги поздрават ракометарите. Според информациите, планирана е музичка програма со настапи на неколку бендови, а репрезентацијата ќе пристигне со специјален панорамски автобус, придружуван од полициска ескорт. Сличен дочек беше организиран и во 2022 година, кога хрватската фудбалска репрезентација го освои третото место на Светското првенство.
Очекувањата се дека илјадници граѓани ќе се соберат на плоштадот и по должината на трасата за да им оддадат почит на ракометарите за нивниот успех.