Хрватска одобри влез на американски нуклеарен воен брод во Јадранот

Хрватска дозволи впловување на американски воен брод на нуклеарен погон во нејзините води и престој во пристаниште, во период на засилени глобални тензии и конфликтни случувања на Блискиот Исток.

Хрватска донесе одлука со која се одобрува впловување на американски воен брод на нуклеарен погон во нејзините територијални води, како и негов престој во пристаниште, објави хрватскиот „Дневник“.

Иако ваквите посети се дел од вообичаените процедури за сојузнички воени бродови во рамки на НАТО, моментот во кој се случува одлуката привлекува дополнително внимание поради зголемените глобални безбедносни тензии.

Според информациите, не е прецизирано за кое точно пловило се работи, но се претпоставува дека станува збор за носач на авиони од класата „Нимиц“ или „Џералд Р. Форд“, или нуклеарна подморница.

Пристигнувањето на ваков тип брод бара строги безбедносни протоколи, кои вклучуваат радиолошка безбедност, засилена физичка заштита на пристаништето и координација меѓу војската и полицијата, како и посебна логистичка поддршка.

Хрватска и претходно била домаќин на американски носачи на авиони, меѓу кои „УСС Џорџ Х.В. Буш“ и „УСС Хари С. Труман“, како дел од соработката со САД и НАТО-партнерството.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни