Хрватска испраќа четири авиони за евакуација на државјани од Дубаи

Хрватска организира четири авиони за евакуација на своите државјани од Дубаи поради конфликтот на Блискиот Исток. Над 700 лица бараат враќање.

Хрватска во среда и во наредните денови испраќа четири авиони на „Кроација ерлајнс“ во Дубаи за да ги евакуира хрватските државјани кои останаа заглавени во Обединетите Арапски Емирати поради војната меѓу САД и Израел против Иран, соопшти Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска.

„Утре и во следните денови испраќаме четири авиони на Кроација ерлајнс, со можност и за дополнителни опции“, се наведува во соопштението.

Министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман договорил со министерот за надворешни работи на ОАЕ, Абдула бин Зајед Ал Нахјан, и ангажман на два авиони на локална авиокомпанија кои ќе превезуваат хрватски државјани од Дубаи.

Во Обединетите Арапски Емирати во моментов престојуваат околу 2000 хрватски резидентни државјани, од кои 300 побарале репатријација. Дополнително, има и 460 туристи кои исто така сакаат враќање во татковината.

Евакуации од повеќе земји

Досега се евакуирани хрватски државјани од Израел, Јордан и Бахреин.

„Успеавме да ги евакуираме сите хрватски државјани од Израел, Јордан и Бахреин, а наскоро и ходочасниците од Израел, кои патуваат преку Лион кон Загреб, ќе пристигнат дома“, информираат од министерството.

Од Оман, каде што престојувале 23 хрватски државјани, 12 веќе се евакуирани со лет преку Истанбул за Загреб, додека останатите 11 имаат можност да заминат во Дубаи.

Хрватската амбасада во Доха обезбедила и 30 места на австриски лет од Ријад, а приоритет ќе имаат деца, болни лица, бремени жени и членовите на нивните семејства.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни