Храна која ја подмладува вашата кожа и треба почесто да ја конзумирате

Кога станува збор за убава кожа, ние често се потпираме на она што можеме да го ставиме на неа, како креми за лице и очи или креми за сончање. Но всушност, она што го внесуваме во нашето тело како дел од секојдневната исхрана може да ни помогне да изгледаме помладо а истовремено да имаме и многу други здраствени бенефити.

Ова се некои намирници кои имаат големо влијание врз нашата кожа и е добро да ги внесиме во нашата исхрана.

Кељ

Ова залено растение веќе е многу популарно кај нутриционистите кога станува збор за неговите бенефити. Меѓу нив се вбројуваат и придобивките против стареење на кожата. Кељот изобилува со лутеин и зеаксантин кои според истражувањата можат да ја зголемат еластичноста и хидратацијата на вашата кожа, како и да ги регулираат маснотиите под неа.
Доколку не се љубители на овој зеленчик , наместо тоа може да конзумирате авокадо кое исто така содржи голем дел од овие витамини.

Темно чоколадо

Одлични вести за љубителите на чоколадо – темното чоколадо има големи придобивки против стареењето. Зрната какао кои се главната состојка во темното чоколадо, се преполни со антиоксиданси кои можат да го намалат воспалението од изложеноста на УВ зраците, да ја зголемат циркулацијата и да и помогнат на вашата кожа да остане хидрирана. Ова е победничка формула за блескава и здрава кожа.

Зачини

Некои од зачините кои секојдневно ги користиме за подготовка на храната имаат големи придобивки и помагаат против стареење.
Ориганото, циметот и каранфилчето, содржат липоична киселина – соединение кое делува како моќен антиоксиданс во телото. Липоевата киселина помага да се стимулира производството на антиоксиданси низ телото и ги отстранува тешките метали одговорни за оксидативниот стрес.

Лубеница

Омиленото летно овошје на сите заслужува место во нашата исхрана затоа што помага против стареење на кожата. Лубеницата е преполна со витамини А, Ц и Е – кои го подобруваат здравјето на кожата а истовремено е и хидратантна, бидејќи е 92% вода. Хидратацијата е од суштинско значење за одржување на вашата кожа и придонесува таа да остане блескава и без знаци на умор.

Кафе

Секојдневната навика на голем дел од луѓето – пиењето кафе , всушност има придобивки за кожата. Студија направена во European Journal of Cancer Prevention покажала дека жените кои пиеле една шолја кафе дневно го намалиле ризикот од развој на рак на кожата за околу 10 проценти. Оние кои пијат кафе, исто така, имале помала веројатност да добијат розацеа, според друга студија.

Извор: https://www.eatingwell.com/article/84789/anti-aging-foods-for-your-skin/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни