Утревечер во Синдикална култура ќе настапи триото Хот Џез Оркестар, состав кој изведува медитеранско зачинети свинг минијатури.
Репертоарот кој го обработуваат изобилува со композиции од 20-тите се до 40-тите години од изминатиот век.
Нивната мисија делумно е да се зачуваат звуците од раните стадиуми на џез историјата, но исто така потрага по софистицираност преку жива ритмичка експресија.
Триото што ќе го слушнеме на 26.12 со почеток во 21ч. го сочинуваат:
Иво Солдатовиќ – кларинет
Андреј Момировски – гитара
Бојан Петков – гитара