Hot Since 82 на ТАКСИРАТ

Заштитното лице на светскиот тек-хаус звук пристигнува прв пат кај нас, со настап на главната бина

Hot Since 82 ќе настапат на 7 декември на официјалното затворање на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ во Скопје.

,,Конечно, заштитното лице на светскиот тек-хаус звук пристигнува прв пат кај нас, со настап на главната бина на ТАКСИРАТ. HOT SINCE 82 – еден од најуспешните британски диџеи и продуценти, хедлајнер на најголемите електронски бини во светот: од Coachella до Glastonbury, од лондонски Fabric до Pacha на Ибица. Артистот чија музика критиката ја опишува како „најсофистицираната во Велика Британија“” стои во најавата за фестивалот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни