Хоспитализирана Тереза Кесовија, за својот 86. роденден се наоѓа во болница

Пејачката Тереза Кесовија својот 86. роденден го прославува во болница, откако паднала и многу се повредила.

На пораките со честитки за нејзиниот роденден легендарната пејачка се огласи од болничка соба и истакна дека не ѝ е дос славење.

„Јас сум во болница. Жал ми е, не сум во состојба да објаснувам што се случи. Паднав и многу се повредив“ рекла Тереза Кесовија за Нет.хр.

Хрватските медиуми, сепак, објавуваат дека таа не е хоспитализирана поради падот. Кесовија и претходно имала здравствени проблеми. Минатата година, во август, исто така заврши во болница откако преживеа инфаркт.

„Тереза ​​веќе неколку дена има висока температура, која како и сите нас ја ослабна. Затоа пред некој ден нестабилна на нозе падна и прилично се удри, а не ја однесовме во болница поради падот, туку поради температурата по прегледот. Лекарите констатирале дека температурата е поради тешко воспаление, а најважно е што сега Тереза ​​е во најдобри можни раце, дека пие антибиотици и други лекови, и дека сите се надеваме дека наскоро ќе и биде подобро. Што се однесува до нејзиниот роденден, кога ќе закрепне и ќе излезе од болница, ќе има време за славење“, изјави за Јутарњи.хр најдобрата пријателка на Тереза ​​Кесовија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни