Хороскопски знаци кои подобро е да бидат надвор од кујната

Сите го имаме тој пријател или член на семејството од кого не бараме да готви ништо освен можеби инстант супа.

Трите хороскопски знаци кои не се баш вешти во готвењето се следниве:

Рак

Раковите се познати по својата емотивност и желба да им угодат на другите, па не е ни чудо што сакаат да готват за семејството и пријателите.

Но, проблемот настанува кога нивната љубов ќе се претвори во храна – буквално.

Премногу сол во супата? Додадете уште малку зачин бидејќи „љубовта никогаш не е доволна“. Резултатот е често пресолено, преварено или премногу сложено јадење кое, за жал, не може да се спаси ниту со многу добри намери.

Вага

Вагите сакаат естетика и хармонија, па нивните јадења секогаш изгледаат како вистински ремек-дела – барем на Инстаграм.

Проблемот? Тие се фокусираат на изгледот, а не на вкусот.

Додека Вагите внимателно ги редат украсите на чинијата, садот се преварува, загорува или едноставно не излегува како што треба. Ако вечерате кај Вага, подгответе се за нешто што ќе изгледа совршено, но нема да ве засити.

Јарец

Јарците пристапуваат кон готвењето како и секоја друга работа – сериозно, организирано и со план. Но, нивниот проблем е што забораваат на задоволството во сето тоа.

Нивните јадења се технички исправни, но немаат фантазија и креативност. Нивните вечери често наликуваат на училишни ручеци – нутритивно здрави, но прилично досадни.

Ако не сакате да јадете варено пилешко и брокула без зачини, можеби е подобро да ја прескокнете поканата за вечера од Јарец.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни