Но постојат и такви кои, еднаш кога ќе ги затворат вратите, повеќе не се осврнуваат. Не ги интересира што би можело да се случи „ако беше поинаку“, бидејќи веруваат дека ја донеле вистинската одлука – и продолжуваат понатаму. За нив, враќањето на старото е емоционален чекор назад, а не чин на храброст или надеж. Според астрологијата, овие хороскопски знаци се познати по својата решителност и јасно поставени граници кога станува збор за поранешни љубови.
Овен
Овните не сакаат да гледаат назад – нивната енергија секогаш е насочена напред. Кога една врска ќе заврши, можеби кратко ќе тагуваат, но брзо се враќаат во секојдневието и бараат нови предизвици. Враќањето кај бившиот за нив е како повторно читање на книга чиишто крај веќе го знаат. Сакаат страсно, но не поднесуваат чувство на стагнација. Ако заминале, тоа го направиле со цврсто уверување дека тоа е најдобрата одлука – и не се враќаат.
Девица
Девиците не раскинуваат лесно – пред да заминат, темелно ги анализираат сите можни причини, околности и последици. Откако еднаш ќе одлучат дека е крај, тоа значи дека веќе сè рационално имаат пресметано и дека нема враќање назад. Довербата им е клучна, а кога еднаш ќе се наруши, тешко се обновува. Емоциите не им ги водат одлуките – логиката доминира. Затоа поранешните партнери речиси никогаш не добиваат втора шанса.
Стрелец
Стрелците ја ценат слободата и личниот развој над сè. Ако врската не се движела во таа насока, за нив тоа е знак дека треба да продолжат понатаму – без жалење. Не веруваат во враќање на старото, бидејќи сметаат дека луѓето учат од грешките, но тоа не значи дека треба да ги повторуваат старите лекции. Со бившите остануваат коректни, но јасно им даваат до знаење дека приказната е завршена. Нивниот поглед секогаш е насочен кон нови искуства, а не кон минатите поглавја.
Извор: Index.hr