За разлика од интровертите, кои едноставно повеќе уживаат во самотијата отколку во друштвото, мизантропите активно ги избегнуваат социјалните интеракции и гледаат на односите со луѓето со презир.
Според астролозите, мизантропите најчесто се раѓаат во четири хороскопски знаци.
Шкорпија
Шкорпиите се познати по нивната длабока недоверба кон луѓето. Често очекуваат предавство, поради што постојано се на готовс. Нивната мизантропија се манифестира со саркастични забелешки и ладно однесување.
Наместо да се приспособат на општеството, Шкорпиите претпочитаат да изберат изолација и да ги задржат своите емоции за себе.
Јарец
Јарците се скептични по природа и често ги гледаат луѓето како препреки на патот кон нивните цели. Нивниот песимизам кон човечката природа ги прави далечни и често безмилосни во расудувањето. Тие ретко бараат друштво, освен ако тоа не им донесе конкретна корист.
Девица
Девиците се аналитички и критични, а луѓето често ги фрустрираат со нивното однесување, кое го сметаат за неуредно или непромислено. Нивната мизантропија произлегува од нивната неспособност да ги прифатат несовршеностите на луѓето, поради што другите често ги доживуваат како премногу ладни или бесчувствителни.
Водолија
Мизантропијата на Водолијата не е секогаш очигледна, но нивната тенденција кон интелектуална супериорност често создава јаз меѓу нив и другите луѓе. Тие веруваат дека повеќето луѓе се премногу ограничени за нивните високи стандарди и поради оваа причина често избираат затскриен живот, далеку од општествените норми.