Hooverphonic во Скопје со ексклузивен концерт по повод 25 години од “Mad About You” и албумот “The Magnificent Tree”

Белгискиот trip-hop бенд Hooverphonic, познат по своите емотивни и атмосферични звуци, се враќа во Скопје за еден ексклузивен концерт. По повод 25 години од издавањето на нивниот албум The Magnificent Tree, кој ја вклучува и легендарната песна Mad About You, бендот ќе настапи на 18 април 2025 година во Македонска филхармонија, придружуван од гудачки квартет.

Hooverphonic, формиран во 1995 година, имаат 12 студиски албуми зад себе и бројни компилациски изданија. Во 2019 година, тие распродадоа два концерта во Македонска филхармонија, оставајќи силен впечаток кај македонската публика, а нивните настапи останаа запаметени како едни од најубавите концерти одржани во оваа сала.

Билетите за овој уникатен концерт се веќе пуштени во продажба на ticketx.mk и низ продажната мрежа на TicketX низ Македонија. Цената на редовните влезници изнесува 2.000 денари, додека ограничен број ВИП билети, за првите шест реда, се достапни по цена од 2.500 денари.

ВАЖНО: Ова ќе биде единствен концерт на Hooverphonic во Скопје, што го прави оваа вечер уште повредна и незаборавна за сите нивни обожаватели.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни