Холандски старт-ап ќе прави целосно електричен авион што ќе лета 800 километри со 90 патници

Фото: Elysian

Авијацијата се мачи да го намали нејзиното влијание врз климата и засега не прави чекори во вистинска насока за да ја достигне целта од 0 јаглерод до 2050 година. Одржливо гориво за авијацијата не се произведува доволно брзо, а на повидок има само неколку алтернативи.

Еден проблем е  што електрификацијата на авионите не е така лесна како на возилата кои возат по копно, а консензусот на индустријата е дека технологијата на батериите треба да еволуира пред да имаме електрични патнички автомобили.

Сепак, холандскиот стартап Елисиан го предизвикува тој став и планира да произведе целосно електронски авион, кој ќе може да лета околу 800 километри и да превезува 90 патници. Овој авион би ги намалил емисиите за 90 отсто и според нив ќе може да лета за десетина година.

„Многу експерти велат дека ни треба технологија за батерии што уште не е измислена за да имаме разумна должина налетот и доволен капацитет. Но прашањето што си го поставивме ние е како да го извлечеме максимумот од технологијата што ја имаме сега? Може да се лета многу повеќе со електрични авиони отколку што некои студии покажуваа, ако ги направите вистинските чекори“ вели Рејнард де Ври, директор на дизајн и инженеринг во Елисиан.

Авионот E9X засега постои само на хартија, но компанијата планира да произведе модел за две до три години и прототип во реална големина до 2030 година. Сепак, главните карактеристки се веќе познати.

Според нив, за да може да летаат подолго, електричните авиони треба да изгледаат повеќе како старите авиони од 1960тите. Нивниот авион е предвидено да има осум пропелери и крилја кои се широки 42 метри, односно пошироки од Боинг 737 или Ербас А320, иако тие авиони може да превезуваат двојно повеќе патници.

Дизјанот на авионот е резултат на соработка со Делфт Универзитетот за технологија, најстариот и најголемиот технички универзитет во Холандија.

Според Де Ври, клучно е батериите да бидат сместени во крилата, наместо во трупот на авионот, бидејќи тие би биле најтешкиот дел од авионот.

Димензиите на авионот се прилагодени на сегашните стандарди, со цел да не треба посебни простори за овие авиони на аеродромите, а според нив авионот би се полнел за 45 минути, што значи дека чекањето на аеродромите би било малку подолго од полнењето гориво сега.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни