Хера го одбележува 10 октомври – Ден на менталното здравје

По повод овој ден, ХЕРА Млади организира филмска проекција на филмот Manchester by the Sea, проследена со дискусија која ќе им овозможи на присутните да споделат свои искуства, да зборуваат на теми поврзани со менталното здравје и да се поддржат едни со други.

„Денеска кога светот го одбележува Денот на Менталното здравје – 10 октомври, важно е да размислиме за нашата ментална благосостојба и за значењето на отворените разговори за оваа тема. Менталното здравје е еднакво важно за нашата добросостојба како и физичкото здравје. Тоа е состојба во која се чувствуваме добро, функционираме нормално и се справуваме со предизвиците во животот“ велат од невладината организација Хера.

Луѓето кои се соочуваат со проблеми во менталното здравје често се чувствуваат сами и несигурни. Стигмата околу менталните нарушувања може да ги спречи да побараат помош. Затоа, велат од Хера е важно да создадеме средина каде што сите ќе можат слободно да зборуваат за своите чувства. “На овој ден, поттикнуваме сите да размислат за своето ментално здравје и да се информираат за ресурсите кои можат да помогнат.“

По повод 10. октомври, Денот на менталното здравје, ХЕРА Млади организира филмска проекција на филмот Manchester by the Sea, проследена со дискусија која ќе им овозможи на присутните да споделат свои искуства, да зборуваат на теми поврзани со менталното здравје и да се поддржат едни со други.

За младите момчиња и мажи, ХЕРА нуди Центар за поддршка и советување, кој е тука за да помогне во справувањето со предизвиците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни