Хамас предаде тела на уште двајца заложници на Црвениот крст во Газа

Хамас предаде тела на уште двајца заложници на Црвениот крст во Газа

Палестинската исламистичка група Хамас предала на Црвениот крст ковчези со телата на уште двајца израелски заложници во Појасот Газа, соопшти израелската армија.

Станува збор за посмртни останки на двајца лица киднапирани за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. Црвениот крст потоа ги пренел ковчезите на израелската армија.

Од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврдија дека Израел примил уште две тела на заложници.

Досега Хамас врати 15 од вкупно 28 тела на заложници кои, според Израел, сè уште се во Газа.

Во понеделник навечер групата му предаде на Израел делови од тело што подоцна се покажа како веќе предаден заложник, што, заедно со доцнењата во предавањето, предизвика гнев во израелската Влада.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни