Хамас: Не сме добиле писмен план – положувањето оружје не доаѓа предвид

Палестинската група Хамас изјави дека сè уште не добила официјална, писмена верзија од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа.
Screenshot


Во изјава за Би-Би-Си, висок претставник на Хамас, Махмуд Мардави, нагласи дека групата останува отворена за разгледување на секоја иницијатива што би можела да стави крај на војната, но предупреди дека положувањето на оружјето е нивна „црвена линија“, сè додека трае израелската окупација.

Мардави истакна дека Хамас нема добиено формален предлог ниту преку посредници, додавајќи дека секое можно решение мора да ги заштити палестинските интереси, да обезбеди целосно израелско повлекување од Газа и да доведе до траен прекин на насилствата.

На прашањето дали групата би го разгледала разоружувањето, тој одговори дека тоа може да биде тема на разговор само во контекст на сеопфатен политички договор што вклучува создавање независна палестинска држава во границите од 1967 година.

Изјавата следеше по заедничката прес-конференција на Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на која Израел го прифати предложениот план.

Извор: +инфо

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни